Студентите на УЈИЕ, на изборите за нови членови на Студентскиот парламент и асоцијација (СПА), одржани на 4. декември за студентите на додипломски студии во двата кампуса и на 7. декември за студентите на магистерски студии избраа 15 нови членови.
Студентите имаа право да гласаат за кандидатите од истата година на студии на нивниот факултет. Со оглед на фактот дека нема слободни места во сите години на студии и факултетите на Универзитетот, учеството од над 50% од студентите го покажува големиот интерес на студентите за овие избори.
Според податоците на Комитетот за следење на изборите, 34 кандидати беа номинирани за 15 слободни места за парламентот.
Мандатот на членовите на парламентот трае две години, каде што во втората година од мандатот има 13 членови и заедно со новоизбраните 15 члена, Студентскиот парламент и асоцијација брои вкупно 28 членови.
Главната мисија на СПА е да го подобри студентскиот живот, обезбедувајќи можности за претставување, развој и квалитетни услуги за сите студенти
