Во своето отворање, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети рече дека дебатите за фундаменталните прашања, како што се промените во највисокиот правен и политички чин на една заедница, се уште поважни од едноставните дебати или форуми кои политичарите секогаш треба да ги реализираат кога постојат разлики за повеќе засегнати страни.
„Зачленувањето во НАТО и приближувањето до ЕУ, со повисоки политички и демократски стандарди, многу скоро ќе ја наметнат потребата за повторно согледување на уставните решенија и тоа не само во однос на меѓуетничките односи кои тековно не се вклучени во промените“ рече ректорот Беџети.
Заменик-премиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска - ја истакна важноста од усвојување на овие измени поради промените што се очекува да се случат во решавањето на отворените прашања и безбедното патување на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Заменик-премиерот на Владата на Република Македонија за европски прашања, Бујар Османи, говореше за итната потреба на Македонија за интегрирање во НАТО, поради геостратегиската позиција и геостратегискиот момент во кој Албанците се наоѓаат.
Проректорката на УЈИЕ за меѓународни односи и истражувања, проф. д-р Беса Арифи, предложи некои конкретни предлози да бидат вметнати во уставните измени.
Д-р Блерим Река, рече дека Македонија е на стратешка крстосница каде што сите засегнати страни треба да бидат задоволни од целта за реализација на евроинтеграциите.
Професорите и студентите активно учествуваа, поставувајќи прашања и даваа мислења за предложените измени.
