Турнирот беше организиран од Одделот за спорт на Универзитетот на Југоисточна Европа. „ФК Шкупи“ во финалниот меч победи против екипата на на УЈИЕ - која беше рангирана на второто место, „Шкендија“ беше на третото место и „Ренова“ на четвртото место.
За најдобар напаѓач беше прогласен Флорент Рамадани од екипата „Шкендија“, а за најдобар голман беше прогласен Берат Јакупи од екипата „ФК Шкупи“.
Организаторот им додели специјални благодарници на судиите Иса Емурли, Музафер Исмаили и Хабил Ливорека, на тимот на Телевизија Клан Македонија и сите оние кои го поддржаа шестото издание на Меморијалниот-турнир Арбен Џафери.
Турнирот беше организиран во рамките на активностите за одбележување на 17- годишнината на УЈИЕ.
