Најнови информации
-
Ректорот на УЈИЕ во посета на Меѓународниот Балкански Универзитет
26 март 2019Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и генералниот секретар Џеваир Мемеди во понеделникот, 25. март 2019 година, го посетија ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ), проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем.
-
Започна кампањата за поголемо вклучување на жените во областа на ИКТ
25 март 2019Kако дел од кампањата за подигнување на свеста за поголемо вклучување на жените во областа на информатичките технологии, во понеделникот (25 март 2019 година), во УЈИЕ Скопје се одржа првиот состанок на тема: „Успехот на албанските жени во областа на ИКТ“.
-
Ректорот Беџети оствари средба со претставници од колеџот „ Јахја Кемал“
22 март 2019Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдилменаф Беџети имаше средба со директорот на колеџот „Јахја Кемал “- Мухамет Бахче и Сира Таук – раководител на Одделот за односи со јавноста.
-
Студентска агора на дебатниот клуб на УЈИЕ
21 март 2019Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во средата (20. март 2019 година) одржаа дебата на тема: „Дали универзитетското образование е единствениот начин за стабилен живот“ организирана од Дебатниот клуб.
-
Беше одржан бизнис-форумот за предизвиците на успешното управување со бизнисот
15 март 2019Во четврток (14. март 2019 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа бизнис форумот на тема „Управувањето, предизвик за успешни бизниси“, во организација на Факултетот за бизнис и економија, а во соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија.
-
УЈИЕ е дел од кампањата против говорот на омраза „Почитувај, не мрази“
14 март 2019„Почитувај, не мрази“ е мотото на кампањата против омраза, која, по иницијатива на Националното здружение на печатени медиуми се реализира во Северна Македонија. Кампањата има за цел да ја подигне свеста на јавноста против говорот на омраза, кој неодамна се појави во земјава.
-
Министерството за образование посветено кон постојано подобрување на квалитетот - УЈИЕ посакуван модел
14 март 2019Во средата (13. март 2019 година), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа - aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, оствари работна средба со министерот за образование и наука на Северна Македонија - Арбер Адеми.
-
Ректорот Беџети: „На УЈИЕ застапеноста на жените надминува 50 проценти“
8 март 2019По повод Денот на жената – 8 Март, денес на Универзитетот на Југоисточна Европа, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, заедно со членовите на раководството, оствари средба со жените вработени на УЈИЕ во знак на благодарност за нивниот придонес и посветеноста кон работата.
-
Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ го одбележаа 7. март - Денот на албанските наставници
7 март 2019Во четвртокот (7.март), Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ го одбележаа 7. март на Денот на албанските наставници. Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, откако им честита на сите вработени и студенти за оваа значајна прослава, се наврати на дел од приказната за оваа прослава, изразувајќи благодарност до сите кои придонесоа за развојот на образованието на албански јазик.
-
Ректорот на Универзитетот за менаџмент и наука од Малезија во посета на УЈИЕ
7 март 2019Ректорот на Универзитет во Европа , aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети во среда (6. март), оствари средба со професорот Тан Шри Дато Вира д-р Мохд Шукри Аб Јаид, ректор на Универзитетот за менаџмент и наука во Малезија.
-
СЕЕУ Футсал учествуваше на меморијалниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина
6 март 2019Под покровителство на Футсал комитетот на Фудбалската федерација на Косово, за време на викендот се одржа Меѓународниот меморијален турнир „Адем Јашари“.
-
Беа презентирани меѓународните студиски програми Фулбрајт и Еразмус +
5 март 2019Во вторник (5 март 2019 год.), претставниците на Американската амбасада во Скопје, пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, ги презентираа можностите за студирање во САД преку програмата Фулбрајт.
-
Се одржа тркалезна маса за вработувањето низ призмата на дискриминацијата во трудот
4 март 2019Во организација на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, во понеделник (4 март 2019 година), се одржа тркалезната маса на тема „ Прашањето на вработување и престанок на работниот однос, низ призмата на дискриминацијата во трудот.
-
Oдржана тркалезна маса со студентитe од Факултетот за бизнис и економија
28 февруари 2019Студентите од Факултетот за бизнис и економија, на иницијатива на Клубот на идни лидери и Деканатот, во четвртокот (28 февруари 2019 година) одржаа тркалезна маса на теми кои се од интерес за студентите, како што се програмите Еразмус +, стажирањето, студентскиот живот, учеството во студентски клубови, оценувањето на студентите, предавањето и учењето.
-
Беше одржана Трибина за поддршка на бизнис идеи од бизнис ангели
27 февруари 2019„Станете бизнис ангел - поддржете успешна бизнис идеа“ беше темата на трибината која се одржа во среда (27.02.2019 год.) на Кампусот на УЈИЕ во Скопје. Овој настан е во организација на CEED Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа , поддржан од Министерството за економија и Швајцарската програма за претприемништво (SwissEP).
-
Отворено предавање за креативност и иновативност
22 февруари 2019Во четврток (21.02.2019 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа, се одржа отворено предавање на тема „Креативност и иновативност“.
-
Ректорот Беџети учествуваше на конференцијата на Албанските јавни универзитети во Приштина
21 февруари 2019Во рамките на 49-годишнината од основањето на Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“ минатиот викенд се одржа еднодневна конференција во Приштина, на која присуствуваа претставници од сите Aлбански јавни универзитети од Косово, од Албанија и од Северна Македонија.
-
УЈИЕ и ЈП „Комунална хигиена“ потпишаа договор за соработка
20 февруари 2019Денес (20.02.2019 год.) во просториите на УЈИЕ-Скопје беше потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и ЈП „Комунална хигиена“, претпријатие со кое тековно управува нашиот поранешен студент, г. Абдусамед Шабани.
-
Телеграма за сочувство
14 февруари 2019Универзитетот на Југоисточна Европа изразува најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите на трагичната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово.
-
Амбасадорот Бејли во посета на Универзитетот на Југоисточна Европа
8 февруари 2019Во петокот (8. февруари) aмбасадорoт на САД во Македонија, Н.Е. Џес Л. Бејли, го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и одржа средба со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и Проректорката за истражување и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи.