На оваа конференција присуствуваше ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.
Претставниците на 20-те Aлбански јавни универзитети, вклучително и УЈИЕ, потпишаа заедничка декларација со која се согласија за важни прашања од интерес за универзитетите-потписнички.
„Можностите и формите на меѓу универзитетската регионална соработка“ беше главната тема на конференцијата, каде меѓу другото беше разговарано и за механизмите и процесот на конкретизација на соработката во различни области.
Посебно внимание е посветено на соработката со релевантните влади за создавање на посебен фонд за размена на студенти и на академски кадар меѓу Албанските јавни универзитети.
Универзитетските ректори, во присуство на косовските политички и институционални личности, присуствуваа на церемонијата по повод 49-годишнината од основањето Универзитетот во Приштина „Хасан Приштина“.

