COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше одржана Трибина за поддршка на бизнис идеи од бизнис ангели

„Станете бизнис ангел - поддржете успешна бизнис идеа“ беше темата на трибината која се одржа во среда (27.02.2019 год.) на Кампусот на УЈИЕ во Скопје. Овој настан е во организација на CEED Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа , поддржан од Министерството за економија и Швајцарската програма за претприемништво (SwissEP).

„Универзитетот на Југоисточна Европа со слични иницијативи започна многу рано, од самото формирање, кога беше основан Центарот за развој на бизнисот, кој имаше сличен концепт“, истакна во своето излагање ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети. Тој информираше дека УЈИЕ е партнер во реализацијата на еден проект, каде што носител е универзитет од Грција. Во рамките на овој проект ќе се поддржат сите иновативни студентски иницијативи.

„Ова не е голем проект, но е важен за студентите и за симболиката што ја претставува“ рече ректорот Беџети. Тој нагласи дека во економската структура на нашата земја има многу пукнатини кои бизнис ангелите можат да ги пополнат.

„Швајцарскиот амбасадор Н.Е. Сибел Зутер истакна дека тие како амбасада заедно со УСАИД имаат воспоставено искуства, кои ќе помогнат да го афирмираат концептот на бизнис ангелите во земјава.

Во име на министерот за економија, говореше државниот секретар, Блерим Златку, кој рече дека ова министерство конкретно има поддржано проекти кои ги стимулираат алтернативните извори на финансирање.

Министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, ја истакна потребата за поголема афирмација на концептот на бизнис ангели, кој влијае на економскиот развој.

Проф. д-р Вељанд Рамадани, го презентираше концептот за начинот на функционирање и влијанието на бизнис ангелите врз развојот на претприемништвото.

Јован Маџовски, претставникот од CEED Македонија се заблагодари на учесниците и ги презентираше активностите што ги спроведува оваа организација.

Во однос на искуствата и работењето на бизнис ангелите, зборуваше Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарскиот клуб за бизнис ангели.

Google+