Состанокот имаше консултативен карактер во однос на високото образование, со посебен акцент на оптимизацијата на квалитетот и воспоставувањето одржливи модели за финансирање на високото образование. Посебна тема за дискусија беше моделот што Светската банка го планира за финансирање на високото образование.
Ректорот Беџети му се заблагодари на министерот Адеми за континуираната поддршка што институциите ја даваат на УЈИЕ, како и за унапредувањето на Универзитетот како посебен фискален субјект во буџетот на Република Северна Македонија.
„Ќе продолжиме да создаваме квалитетен кадар и добри резултати, па затоа институциите ќе продолжат да нѐ поддржуваат“, рече ректорот Беџети.
