Како дел од оваа кампања, познати личности од земјата ги даваат своите пораки против говорот на омраза, кој неодамна се појави во медиумите и социјалните мрежи, особено по трагичната несреќа на автопатот Скопје -Тетово.
На Универзитетот на Југоисточна Европа основни постулати се принципот на еднаквост, слободата на изразување и толеранција. Покрај толеранцијата, УЈИЕ промовира взаемна почит без оглед на етничката припадност,расата или полот.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети се придружи на кампањата, кој на постерот на здружението ја изрази својата порака за взаемна почит и против говорот на омраза.
„Навистина, основниот постулат за либерална демократија започнува со слободата на изразување, но слободата на изразување завршува таму каде почнува говорот на омраза! “, истакна во пораката за подигнување на свеста ректорот на УЈИЕ, академик Абдулменаф Беџети.
Во оваа кампања се очекува да се приклучат здруженија, институции и познати личности од земјава.
