На оваа тркалезна маса студентите ги изложија своите ставови во однос на прашањата за унапредување на процесот на предавање и учење и на другите процеси.
Исто така, студентите ги разменија своите искуства во однос на програмата Еразмус +, практичната работа, наставата, каде што меѓусебно се поттикнуваа да учествуваат и да се ангажираат повеќе во овие активности корисни за сите инволвирани страни.
