Иако ова е првата средба, двата ректори заеднички констатираа дека трите столба на сличности меѓу двата универзитети се еднакво именувани – систем на постојан квалитет, вискоа стапка на вработеност на дипломираните како и извонредни студиски програми и истражувања базирани на потребите на пазарот на трудот.
Заеднички постулат на двата ректори беше подготвеноста за жртвување на краткорочните придобивки за реализацијата на долгорочните цели на универзитетите.
„ Ова создаде непосредна емпатија и институционална синергија за иницијативите за соработка во унапредување на взаемните придобивки“ истакна ректорот Беџети.
Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува со активности за соработка со познати универзитети во Европа, во САД и пошироко.
