Дебатата се одржа на платото во центарот на кампусот, каде што студентите имаа можност да ги искажат своите ставови за универзитетското образование, влијанието во нивната кариера, професионалниот развој, предизвиците со кои се соочуваат и други релевантни прашања поврзани со темата.
Дебатата се одржа во форма на агора, каде што секој студент, почитувајќи го редот, подеднакво и слободно дебатираше на темата.
Ова беше прва дебата за оваа година, а според претставниците на Дебатниот клуб, слични активности ќе бидат организирани и во иднина, каде што главните прашања за кои ќе се дискутира ќе бидат тесно поврзани со студентскиот живот.
