Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, изрази задоволство што денес ова претпријатие со комплексна организациска структура и со над 1.500 вработени го менаџира нашиот поранешен студент и покажува импресивни резултати.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, г. Шабани се заблагодари на кадарот на УЈИЕ, кои со својата беспрекорна посветеност и наставната програма понудена во времето кога тој студирал, денес значително му го олесниле управувањето со ова сложено претпријатие. Тој, исто така, истакна дека вратите на ова претпријатие, во секое време ќе бидат отворени за УЈИЕ и за студентите.
ЈП „Комунална хигиена“ и Универзитетот на Југоисточна Европа меѓусебно ќе соработуваат преку различни видови активности, а особено преку: изведување на практична настава на студентите, заеднички организирани семинари, тркалезни маси, летни школи и други форми на соработка за подигнување на свеста кај населението за креирање и одржување еколошки здрава животна средина, иновативни и претприемнички креации за подигнување на ефикасноста во менаџирањето на отпадот, како и овозможување заемно користење на средствата и просториите на ЈП „Комунална хигиена“ и на Универзитетот на Југоисточна Европа.
