Најнови информации
-
Беше одржан Летен камп за критичкото размислување во дигиталната ера
19 април 2019На 18. и 19. април на Универзитетот на Југоисточна Европа се одржа Летниот камп „Критичкото размислување во дигиталната ера“. Учесници на овој камп се дипломирани средношколци од Тетово, Скопје, Гостивар, Дебар и од други градови.
-
Обука за меките вештини за матурантите од Скопје
18 април 2019Во четврток (18.април) во просториите на Кампусот на УЈИЕ во Скопје се организираше обука на тема „Меки вештини како компаративна предност во иднина “ за матурантите од Скопје.
-
Дебата за даноците на УЈИЕ – Реформите во даночниот систем се неопходен чекор
17 април 2019Јавната дебата „Ајде да зборуваме за даноци“, организирана од Фондацијата Фридрих Еберт и Министерството за финансии на Република Северна Македонија, во средата (17. април 2019 година) се одржа на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Обука за меки вештини за средношколци од ФСОН
17 април 2019„Меки вештини како компаративна предност во иднина“ беше темата на обуката на која учествуваа поранешните студенти, професорите и матурантите на Факултетот за современи општествени науки, која се одржа во вторникот (16. април 2019 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
-
Комеморативна седница за починатиот професор Алајдин Демири
17 април 2019Во вторник (16. април 2019 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа комеморативна седница за смртта на професорот Алајдин Демири.
-
Доделување на наградите за Националниот натпревар Spelling Bee Северна Македонија 2019
16 април 2019Церемонијата на доделување на наградата Spelling Bee Северна Македонија се одржа во петокот, 12 април 2019 година во Скопје, во просториите на Мировниот Kорпус Северна Македонија.
-
Студиска посета на студентите од Факултетот за СОН во јавните институции на Косово и во Албанија
15 април 2019Студентите и професорите на Факултетот за современи општествени науки (ФСOН), во четврток и петок (11-12 април), спроведоа студиски посети во јавните институции на Косово и Албанија. Меѓу академскиот кадар на факултетот во оваа студиска посета беа и претседателот на Универзитетскиот сенат - проф. д-р Јонуз Абдулаи и деканот на ФСОН - проф. д-р Мемет Мемети.
-
Ректорот Беџети учествува на конференцијата на Европската Универзитетска Асоцијација
11 април 2019Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, од 10 до 12 април, учествува на годишната конференција на Европската Универзитетска Асоцијација (ЕУА) во Париз. Оваа година домаќин на конференцијата е Универзитетот во Сорбона, а темата е „Зголемување на иновациите во Европските универзитети“.
-
Предавањата со професорот Д-р Роберт Д. Хисрих
11 април 2019Докторантите на УЈИЕ, како и магистрантите и алумни, од вторник (09-ти април) ги следат предавањата со професорот Д-р Роберт Д. Хисрих по предметот „Менаџмент на претприемништво - напредно ниво“ каде што имаа можност да слушаат различни искуства и примери за претприемништво од различни контексти.
-
УЈИЕ домаќин на светскиот настан „Digi Girls 2019“
10 април 2019Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), преку Бизнис центарот за иновации беше домаќин на светскиот настан Digi Girls, кој се одржа на 10. април 2019 година, во кампусот на УЈИЕ во Тетово. Целта на оваа активност е да се поттикне, инспирира и да се поддржи секоја жена која сака да биде дел од ИТ-светот.
-
„Абортус: Остри реакции во Европа“ проекција на филм & дебата
10 април 2019Во вторникот (9. Април 2019 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа во организација на УЈИЕ- Правниот факултет и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување на ХЕРА, имаше проекција на филмот „Абортус: Остри реакции во Европа“ во Француско-германската продукција - АРТЕ. Проекцијата беше проследена со панел-дискусија на оваа тема со посебен осврт на Законот за абортус, кој се очекува да биде усвоен од Собранието на Република Северна Македонија.
-
Универзитетскиот сенат ги изгласаа предлозите за декани на факултети
9 април 2019Во согласност со процедурата за избор на декани, која е одобрена од Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот, Универзитетскиот сенат, на 72. состанок што се одржа во вторникот (9. април 2019 година), ги изгласаа предлозите на ректорот за декани на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Ректорот Беџети се сретна со гуруто за претприемништво Роберт Хисрих
9 април 2019Во понеделникот (8. април), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, aкад. проф. д-р Абдулменаф Беџети оствари средба со светски познатиот професор од областа на претприемништвото, Роберт Хисрих.
-
Ректорот Беџети, панелист на конференцијата за фискални реформи по повод Денот на буџетот
3 април 2019Во средата (3. април 2019 година), ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во својство на панелист, присуствуваше на втората годишна конференција организирана од Министерството за финансии на тема „Фискални реформи за праведен раст“ што се одржа во Собранието на Република Северна Македонија.
-
Алумните на УЈИЕ меѓу најуспешните учесници на програмата Фулбрајт
2 април 2019Во рамките на програмата Фулбрајт, од шестемина номинирани студенти, тројца се од Универзитетот на Југоисточна Европа.
-
Беше одржан Отворениот ден; нови програми и уникатни методологии базирани на дигитализација и критичко мислење
1 април 2019Во саботата (30.март 2019 год.), неколку стотици средношколци, родители и наставници го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), каде што учествуваа на традиционалната активност „Отворен ден“. Тие имаа можност директно да се запознаат со академската структура, академските програми и шемата за стипендии кои Универзитетот ги нуди за новата академска година 2019-20 година.
-
Гостинско предавање за светските иновативни трендови цо Петер Риги - глобален директор на ЦЕЕД Програма
29 март 2019На 28 март 2019 година, имавме чест да бидеме домаќини на еден одличен претприемач и меѓународен претприемнички говорник - г-дин Питер Риги, кој одржа кратко предавање за глобалните иновативни трендови и предизвици пред студентите на УЈИЕ и компаниите-станари на TechPark.
-
Ректорот Беџети се сретна со поранешниот студент на УЈИЕ Агон Мемеди, истражувач на Универзитетот во Падерборн, Германија
28 март 2019Денес, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети се сретна со Агон Мемеди, нашиот поранешен студент (алумни), кој е вработен како истражувач во Институтот Heinz Nixdorf на Универзитетот во Падерборн, каде што продолжува со своите докторски студии.
-
Компанијата „Еколог“ одржа состанок за кариера со студентите на УЈИЕ
28 март 2019Студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа, во организација на Центарот за кариера, во вторник (26.03.2019), реализираа состанок за кариера со компанијата „Еколог“. Мислим Асипи, раководител на Човекови ресурси ги презентираше новините, можностите и активностите на оваа компанија.
-
Беше промовирана книгата преведена на албански јазик на словенскиот амбасадор Милан Јазбец
26 март 2019Во вторникот (26. март 2019 год.), Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на промоцијата на книгата преведена на албански јазик „Martin Krpan diplomat dhe ushtarak (Мартин Крпан дипломат и војсководец)“ . Автор на книгата е проф. д-р Милан Јазбец – амбасадор на Р.Словенија во Република Северна Македонија.