Конференцијата се фокусира на тоа како Европските универзитети можат да развијат тековни иновативни стратегии како и стратегии за во иднина. Преку пленарни сесии од различни формати, вклучувајќи учество на аудиториумот, конференцијата обезбеди изворно знаење за политиките и за практиките кои овозможуваат иновациите и претприемништвото да се применуваат на универзитетите.
Ректорот Беџети интерактивно разменува искуства за иновациите на универзитетите, истакнувајќи ги искуствата на УЈИЕ во Технолошкиот парк и во Бизнис центарот за иновации како ентитет кој го поврзува Универзитетот со заедницата.
Во писмото добиено во февруари оваа година, претседателот на Управниот одбор на ЕУА-ИЕП, Сократис Кацикас, УЈИЕ беше пофален за одличниот напредок во спроведувањето на препораките од Институционалната програма за евалуација на Европската Универзитетска Асоцијација.
