На дебатата присуствуваа голем број студенти и професори, додека обраќања имаа: Ректорот на УЈИЕ - акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети; Директорот на фондацијата Фридрих Еберт во канцеларијата во Скопје - Ева Елерајт; Министерот за финансии проф. д-р- Драган Тевдовски и Раководителката на Секторот за стратешко планирање при Управата за јавни приходи - Весна Срцева.
Ректорот Беџети изрази задоволство дека Универзитетот на Југоисточна Европа е домаќин на оваа дебата, бидејќи даночниот систем е важен за сите нас.
„Сите ние сме даночни обврзници и секако сме заинтересирани за поправеден и поедноставен даночен систем“, рече ректорот Беџети, кој од аспект на искуство и професија имаше активно учество во оваа дебата.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека целта на министерството е да се подигне нивото за дебата за чувствителна и важна тема за сите граѓани. Тој имаше презентација за даночната структура, за начинот на кој што се полни буџетот и образложување за потребата од реформи во даночниот систем.
Директорката на Фондацијата Фридрих Еберт - Скопје, Ева Елерајт рече дека се чувствува многу привилегирана што е во Тетово, на ваков современ универзитетски кампус. Во врска со дебатата, таа рече дека добриот даночен систем треба да има правична распределба
Раководителката на Секторот за стратешко планирање при УЈП- Весна Срцева зборуваше за стратешко планирање и улогата на Управата за јавни приходи во даночниот систем во Република Северна Македонија.
