Деканот на Факултетот за СОН, проф. д-р Мемет Мемети ги поздрави учесниците и ги покани да бидат активни и да добијат колку што е можно повеќе искуство, што ќе придонесе за развој на што е можно повеќе вештини за нивните кариери.
Во текот на обуката, поранешните студенти од ФСОН го споделија своето искуство, вештините кои што ги стекнаа во текот студии и како тие им помогнаа во нивните кариери и за нивното прво вработување.
На обуката присуствуваа матурантите од Тетово и од регионалните средни училишта, а Форумот на студенти од современи општествени науки обезбедија сертификати за учесниците.
Целта на обуката беше матурантите да се подготват со вештини кои се повеќе од неопходни во нивниот понатамошен развој, како во животот така и во професионалниот аспект.
