Летниот камп беше организиран од УЈИЕ, односно од Факултетот за бизнис и економија, каде што се одржаа неколку активности, главно за обука и социјализација на матурантите.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети ги информираше матурантите за целта за организирање летни кампови, кои во модерните времиња се организирани во програмски формат.
„Имате можности многу да направите и да видите во нашиот Кампус, да се запознаете со инфраструктурата и животната средина, суперструктурата - најмногу во поглед на човечките ресурси, воспоставените системи, институционалната култура и студентскиот живот“, рече ректорот Беџети, кој одржа и предавање за клучната тема на летниот камп „Критичкото размислување во дигиталната ера“.
Деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази, ги поздрави матурантите и одржа предавање на тема „Влијанието на технологијата во образованието“.
Предавања одржаа и проректорот на УЈИЕ за академско планирање и дигитализација, проф. д-р Владимир Радевски, и раководителот на Секторот за обука и развој во компанијата „Еколог“, м-р Евзал Ракипи.
Симболично, Летниот камп ги
