Агон Мемеди и Флорина Асани од Факултетот за современи науки и технологии и Блерим Салихи од Правниот факултет се алумни на УЈИЕ, кои следната академска година, после официалното објавување на добитниците, ќе престојуваат во Соединетите Американски Држави во рамките на Фулбрајт-програмата за да ги унапредат своите студии.
Студентите од УЈИЕ беа многу успешни, докажувајќи професионална подготовка и компетентност, со тоа што се апсолутни победници на програмата Фулбрајт и добиваат 50% од резервираните места кои програмата Фулбрајт ги доделува во Северна Македонија.
Програмата Фулбрајт во Северна Македонија е промовирана од Амбасадата на САД и секоја година грантовите се доделуваат во одредени износи при што студентите и научниците го користат правото да ги унапредат своите студии и да стекнат искуство во американските институции.
Добитниците на програмата Фулбрајт го опишуваат своето искуство како нешто што им го променило животот и има значително влијание врз нивната професионална и лична кариера.
Програмата Фулбрајт обезбедува грантови за квалификувани истражувачи да спроведуваат постдокторско истражување во американските институции.
