Панелисти на дебатата беа: Доц. д-р Арта Селмани-Бакиу - професор по Семејно право; Асист. Албана Метај-Стојанова - предавач по Семејно право;д-р Аријан Алили - гинеколог, Ива Михајловска - ХЕРА; и Рита Беадини - претставник на Феминистичкиот клуб на Универзитетот на ЈИЕ.
„Дебатата беше многу успешна, бидејќи таа го зголеми интересот меѓу студентите и вработените во Универзитетот. За време на дебатата беа извлечени заклучоци, но најважно е што и покрај тековните дебати, жените треба да одлучат што да прават со своето тело “, истакна доц. д-р Арта Селмани, продекан на Правниот факултет.
Студентите имаа можност да го следат филмот, каде многу јасно се рефлектира реалноста на двата табора, за и против абортусот. Имаше многу прашања од учениците и мислењата беа дадени на оваа тема од професионалци од областа.
