Деканот на Факултетот за СОН, проф. д-р Мемет Мемети ги поздрави учесниците и ги покани да бидат активни и да добијат колку што е можно повеќе искуство, што ќе придонесе за развој на што е можно повеќе вештини за нивните кариери.
На обуката присуствуваа матурантите од средни училишта од Скопскиот регион, а Форумот на студенти од современи општествени науки обезбедија сертификати за учесниците.
Целта на обуката беше матурантите да се подготват со вештини кои се повеќе од неопходни во нивниот понатамошен развој, како во животот така и во професионалниот аспект.