Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Беџети се сретна со поранешниот студент на УЈИЕ Агон Мемеди, истражувач на Универзитетот во Падерборн, Германија

Денес, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети се сретна со Агон Мемеди, нашиот поранешен студент (алумни), кој е вработен како истражувач во Институтот Heinz Nixdorf на Универзитетот во Падерборн, каде што продолжува со своите докторски студии.

Целта на овој состанок беше да се зајакнат контактите со поранешните студенти (алумни), кои работат и имаат развиено успешна кариера во престижни компании и универзитети низ целиот свет. Дополнително, тие разговараа околу можноста за иницирање организација за меѓународни УЈИЕ АЛУМНИ, преку кои ќе ги зајакнат своите врски со Алма Матер.

Универзитетот на Југоисточна Европа ќе продолжи да ги промовира и да ги обединува сите поранешни студенти, да придонесуваат и да станат клучен дел во развојот на Универзитетот.

Google+