Студентите и професорите во Косово беа примени од премиерот на Владата на Република Косово - Рамуш Харадинај, кој во својот профил на Фејсбук во врска со оваа посета напиша: „Посебно задоволство е отворено да се дискутира со група предавачи и студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ), за актуелните политички околности во Косово и регионов, како и на нашиот заеднички пат - земјите од Западен Балкан кон интеграцијата во ЕУ“.
Делегацијата на Факултетот СОН за време на посетата во Косовското собрание оствари средби со шефот на пратеничката група на ААК - Ахмет Исуфи и со Заменик-претседателот на Комитетот за образование, млади и наука - пратеничката Теута Хаџиу. Додека за време на посетата на Универзитетот во Приштина беа примени од проф. д-р Дашамир Берзули - проректор за меѓународна соработка, како и со претставници на Американската стопанска комора на Косово.
Во Албанија, делегацијата на ФСОН го посети Албанскиот парламент, општина Тирана, Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Тирана и Канадскиот институт за технологија, каде што беа примени од високи функционери од овие важни институции.
Целта на остварените посети и средби беше размена на искуства и перспективи за конкретна соработка, додека студентите имаа можност да се запознаат со начинот на кој функционираат и работат овие институции, споредувајќи ги знаењата што ги стекнале во текот на своите студии.

