Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше одржан Отворениот ден; нови програми и уникатни методологии базирани на дигитализација и критичко мислење

Во саботата (30.март 2019 год.), неколку стотици средношколци, родители и наставници го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), каде што учествуваа на традиционалната активност „Отворен ден“. Тие имаа можност директно да се запознаат со академската структура, академските програми и шемата за стипендии кои Универзитетот ги нуди за новата академска година 2019-20 година.

„Оваа година, во нашата академска понуда, имаме новини, дизајниравме три нови студиски програми, од кои две се понудени на Факултетот за бизнис и економија, како што се Финансии и банкарство; и Претприемништвото, додека програмата Компјутерски криминал ја нуди Правниот факултет “, истакна ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад.проф.д-р Абдулменаф Беџети.

Овие студиски програми се очекува да одговорат на зголемената побарувачка за нови студиски програми што ги бара пазарот на трудот.

„Програмата -Претприемништво е финансирана од компанија која нуди можности за кариера и вработување и се нуди според двоен интегриран систем каде што наставата се изведува на англиски јазик и 70% од предметите е практичен дел додека 30% е теоретски“, рече ректорот Беџети .

Во одделни презентации беа објаснети посебната методологија за настава на Универзитетот, фокусирајќи се на дигитализацијата и критичкото размислување, работењето во мали групи, индивидуалната работа и учењето насочено кон студентите.

На Отворениот ден имаше и други активности, како што се: натпревар во цртање, фотографирање, видео, активности на Студентското собрание, финалето на фудбалскиот турнир помеѓу средните училишта во Тетово, во организација на Одделот за спорт како и богати културно-забавни активности.
Google+