Во текот на март и април УЈИЕ беше домаќин на регионалниот натпревар во Тетово и Скопје, а на 6 април во кампусот на ЈИЕУ во Скопје се одржа Националниот Натпревар Spelling Bee Северна Македонија 2019. Дваесет и еден талентирани натпреварувачи од целата земја добија награди од специјалниот гостин на Амбасадата на САД, TDY Сузан Фалатко. Овогодинешниот натпревар беше особено предизвик со над 3.000 ученици од основните и средните училишта кои учествуваа во различни фази и категории на натпреварот.
Беса Битиќи, претставник на Центарот за јазици и координатор на настанот доби Признание, а заедно со Мecca Slaughter -УЈИЕ Фулбрајт ги доделија подароците за победниците во име на УЈИЕ. Директорот на Мировниот Корпус Северна Македонија, Марк Ханафин и Вејд Париш, главниот организатор, го изразија своето задоволство од натпреварот и благодарност до Универзитетот на Југоисточна Европа за постојаната поддршка како еден од клучните партнери на овој голем предизвик.
Честитки за победниците на Националниот натпревар Spelling Bee 2019!
