Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше промовирана книгата преведена на албански јазик на словенскиот амбасадор Милан Јазбец

Во вторникот (26. март 2019 год.), Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на промоцијата на книгата преведена на албански јазик „Martin Krpan diplomat dhe ushtarak (Мартин Крпан дипломат и војсководец)“ . Автор на книгата е проф. д-р Милан Јазбец – амбасадор на Р.Словенија во Република Северна Македонија.

Амбасадорот Јазбец рече дека се чувствува многу почестен што промоцијата на оваа книга се одвива токму на овој Универзитет каде што е ангажиран како визитинг-професор и дека студентите ќе имаат можност да научат нешто ново и корисно во врска со дипломатијата и меѓународните односи.

„Бидејќи оригиналната приказна е вметната во мојата книга, сакам да кажам дека ова е првиот превод на приказната за Мартин Крпан на албански јазик. Затоа, овој превод што денес го презентираме тука има историско значење“, рече словенскиот амбасадор Милан Јазбец.

Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, му се заблагодари на амбасадорот Јазбец за промоцијата на оваа книга во нашиов Универзитет. Тој рече дека книгата е напишана на едноставен и јазик и е лесно разбирлива.

„Преку ликот на Мартин Крпан, се одразува карактерот и менталитетот на словенската нација, со кој ние сме запознаени и за кој имаме особена почит“, рече ректорот Беџети.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која го напиша предговорот од книгата, рече дека книгата на амбасадорот Јазбец на албански јазик звучи многу убаво како и автентичната верзија на словенечки јазик.

„Ликот на Мартин Крпан има свои митолошки елементи и е сличен на албанските ликови од периодот на романтизмот. Овие елементи ги прават луѓето од Балканот слични“, рече градоначалничката Арифи.

Во овој роман се зборува за Милан Крпан, херој на словенскиот народ и авторот на предизвикувачки начин го анализира како дипломат и војсководец.

Google+