Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети ги предложи следниве кандидати за декани: проф. д-р Адријан Бесими - декан на Факултетот за современи науки и технологии; проф. д-р Арафат Шабани - декан на Факултетот за јазици, култури и комуникација;проф. д-р Хирије Абази - Алили - декан на Факултетот за бизнис и економија; и проф. д-р Мемет Мемети - декан на Факултетот за современи општествени науки.
Процесот на избор беше спроведен со тајно гласање.
Имињата на избраните кандидати според Процедурата за избор на декани на факултетите на УЈИЕ беа поднесени до Извршниот комитет на Одборот на Универзитетот за конечна потврда и истите беа потврдени.
