Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Комеморативна седница за починатиот професор Алајдин Демири

Во вторник (16. април 2019 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа комеморативна седница за смртта на професорот Алајдин Демири.

„Неговата уникатност не беше само неговата политичка филозофија, туку и неговото спротивставување, дури и на „политичките шефови “. Таков остана до крајот на животот. Тој не се придржуваше кон алчноста за позицијата, како што вообичаено е пракса тука. Ова беше неговата ДНК и нашиот заеднички именител преку кој бевме многу блиски“, истакна во своето излагање акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

Проф. д-р Веби Беџети, соработник и колега евоцираше спомени за дел од биографијата на починатиот Алајдин Демири.

„Тој беше цврст во своите ставови и тоа го правеше насекаде и во секое време, кога беше неопходно да се искажат работите како што се“, истакна проф. д-р Веби Беџети.

Бесјан Демири, син на починатиот Алајдин Демири, рече дека покрај тагата за загубата на нивниот татко, тој почувствувал почит кон зборовите што биле кажани за личноста на неговиот татко. Тој рече дека се чувствува многу горд што неговиот татко бил почитуван од многумина . Тој се заблагодари на УЈИЕ за поддршката што во секое време му ја имаат дадено на нивниот родител.

Google+