Конференцијата е организирана по повод Денот на буџетот или 27.годишнината од усвојувањето на првиот буџет на Република Северна Македонија. Главен говорник на конференцијата беше Семуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Скопје.
Ректорот Беџети беше еден од четирите главни панелисти на конференцијата, меѓу кои и министерот за финансии - Драган Тевдовски; резидентен претставник на ММФ во Србија и Северна Македонија - Себастијан Соса; и менаџерот за макроекономија на Светската банка за Европа и Централна Азија - Галина Андронова.
