Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ домаќин на светскиот настан „Digi Girls 2019“

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), преку Бизнис центарот за иновации беше домаќин на светскиот настан Digi Girls, кој се одржа на 10. април 2019 година, во кампусот на УЈИЕ во Тетово. Целта на оваа активност е да се поттикне, инспирира и да се поддржи секоја жена која сака да биде дел од ИТ-светот.

Претставниците на Мајкрософт ги информираа студентите на УЈИЕ за програмата и како да ги реализираат своите соништа директно вклучувајќи се во областа на технологијата.

„Ние како Универзитет сме многу среќни што имаме се повеќе студенти кои ја продолжуваат кариерата во технологијата и многу е важно да имаме разновидност, да има девојки во областа на технологијата, бидејќи кога има жени во работните групи, тогаш тие групи се покреативни , поиновативни и поенергични “, рече Вероника Карева, извршен советник за квалитет на УЈИЕ.

Оваа активност има за цел да ги инспирира и мотивира младите девојки за кодирање, програмирање, иновација во креирање на нови ИТ идеи , бидејќи учеството на жените во областа на технологијата е многу помало во споредба со мажите.

Google+