„Нема ништо поблагословено од работата на наставникот. Не постои поголем придонес во општеството од оној на наставниците “, истакна ректорот Беџети. Тој рече дека новите генерации треба да го вратат достоинството и статусот на наставникот на заслуженото место во нашето општество.
„Ако не го сториме ова, ќе биде многу тешко да се зголеми квалитетот на образованието и што е најважно да се запре масовниот одлив на мозоци, кој веќе стана застрашувачки феномен во земјава и поширокиов регион“, рече меѓу другото ректорот на УЈИЕ , Абдулменаф Беџети.
Претседателот на Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ, Арјон Фејзулаху, им се заблагодари на вработените во УЈИЕ, нагласувајќи дека за овој празник најзаслужни се академскиот кадар, наставниците, кои го покажуваат вистински пат на студентите за нивниот образовен и професионален развој.
„Ние, како генерација, имаме морална обврска да го продолжиме овој историски процес“, рече Арјон Фејзулаху.
За уметничкиот дел од церемонијата беа ангажирани Рита Беадини и Гента Мустафа, кои рецитираа поезија од познати албански поети.
