Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

СЕЕУ Футсал учествуваше на меморијалниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина

Под покровителство на Футсал комитетот на Фудбалската федерација на Косово, за време на викендот се одржа Меѓународниот меморијален турнир „Адем Јашари“.

Под покровителство на Футсал комитетот на Фудбалската федерација на Косово, за време на викендот се одржа Меѓународниот меморијален турнир „Адем Јашари“.

На овој јубилеен турнир (десетгодишнината од турнирот), покрај тимот на Универзитетот на Југоисточна Европа беа поканети и овие екипи: ФК Шкупи, ФК Приштина и ФК Дреница.

„Нашето учество на овој турнир беше инклузивно и на национално ниво, со цел да ги тестираме способностите на нашиот тим и да ги зајакнеме односите за градење на тим, споделувајќи идеи и позитивни искуства“, рече тренерот на екипата, Бесник Сулемани.

Беа одржани неколку натпревари, каде што екипата СЕЕУ Футсалпокажа дека е добро подготвен и е достоен претставник во овој турнир и е подготвен да ги предизвика многу екипи од републиканската лига.

Организаторите на турнирот изразија задоволство од учеството во овој турнир на тимот на Универзитетот на Југоисточна Европа. СЕЕУ Футсалпокрај тоа што беше надграден со медал, организаторите изразија задоволство од прекрасната игра што ја покажаа момчињата СЕЕУ Футсали атмосферата што ја создадоа во спортската сала во Приштина, каде што често беа поздравени со аплауз за покажаната дисциплина во игра.

Во врска со учеството на нашата екипа, претставниците на клубот додадоа: "Десет години на турнирот „Адем Јашари“ учествуваа тимови од Албанија, Косово, Македонија, Чешка, Саудиска Арабија и репрезентациите на Косово и Албанија. А ова година беа поканети само четири екипи а еден од нив бевме ние. Овој пат нашите момчиња покажаа фер плеј, исто како што треба да изгледа еден тим кој претставува висока образовна институција, затоа им сме заблагодаруваме на нашите студенти ".

Вреди да се напомене дека организацијата на турнирот и гостопримството на домаќините беа на највисоко ниво.

Google+