Состанокот беше проактивен и пријателски и беа разгледани разни прашања од образованието, меѓусебната соработка, улогата на Универзитетот и влијанието што го има врз севкупните случувања во Македонија. Дел од дискусијата беше и можноста за склучување договори со универзитетите, преку што може да се придонесе за подобрување на квалитетот на наставата, обуката и размената на кадар и студенти.
Покрај другото беа разменети информации, искуства и конкретни насоки за поуспешни делувања со општествено влијаније врз Универзитетот.
