На форумот присуствуваа претставници од најуспешните компании од Тетово,од Скопје, од Гостивар и од Струга, а главен предавач беше деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Изет Зеќири
Претставниците на компаниите и универзитетските професори одржаа плодна дебата, на која беа дискутирани конкретни проблеми во управувањето и предизвиците со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно делување.
На овој форум беа презентирани можностите за обука кои се нудат од Центарот за развој на бизнисот на УЈИЕ.
