За темата свое излагање имаа: Судија Хилда Мешкова, судија во работни спорови во Основниот суд Скопје 2, Амир Имери, раководител на одделението за инспекциски надзор и контрола во ДИТ и проф. д-р Лазар Јовевски, Правен факултет Јустинијан Први Скопје. Тркалезната маса ја водеше доц. д-р. Арта Селмани.
За време на тркалезната маса беа дискутирани прашања и случаи на етничка, полова и верска дискриминација забележани при вработувањето во јавниот и во приватниот сектор.
Студентите беа заинтересирани и разговараа за спроведување и подобрување на законите за запирање на дискриминацијата при вработување по која било основа.
