„Универзитетот на Југоисточна Европа ќе има постојани промени бидејќи нашата визија соодветствува на промената и е карактеристична“ изјави пред вработените на Универзитетот, ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во една од сесиите за обука, каде што ги информираше за тековните активности и за извршената работа за континуирано подобрување на квалитетот и на услугите.
„Главниот фактор по кој овој универзитет се разликува се луѓето - студентите и вработените. Силно верувам во оваа вредност, што го прави нашиов Универзитет модел за регионално функционирање. Оваа вредност беше потврдена и со зголемувањето на бројот на студенти запишани во оваа академска година “, рече ректорот Беџети.
Универзитетот ќе се развива, фокусирајќи се на нудење нови атрактивни студиски програми, кои се бараат на пазарот на трудот, додека обезбедувањето квалитет и оригиналното истражување се дел од ова заедничко патување.
„Ние ќе продолжиме да ги привлекуваме најдобрите студенти преку стипендии и практикувањ најсовремени наставни модели, со тоа што ќе ја зачуваме различната институционална култура и брендот на Универзитетот со тоа што ќе се разликуваме од другите“, истакна ректорот Беџети.
Од 23 до 25 јануари 2019 година беше одржана обука на кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што по сесии и во групи се дискутираше на теми за академско унапредување, усогласување на наставните програми, дефинирање на дигиталните компетенции, управување со перформансите и капацитетите за оптимизација, надградба на институционалниот капацитет за истражување за апликациите за проекти. Во текот на оваа обука беше презентирана Стратегијата за маркетинг и внатрешна комуникација на Универзитетот.
