Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Предавање на Специјалниот јавен обвинител на Македонија, Катица Јанева

Специјалниот јавен обвинител на Македонија Катица Јанева, во средата (19 декември, 2018 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, одржа предавање на тема „Улогата на Специјалното јавно обвинителство во развојот на владеењето на правото во Република Македонија“

Пред почетокот на предавањето специјалната обвинителка Катица Јанева оствари средба со ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проректорот за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р. Беса Арифи. На овој состанок се разговараше за соработката што Универзитетот во моментов ја има со Специјалното обвинителство, можностите за натамошно зајакнување и вклучување на што повеќе студенти за практикантска работа во оваа институција.

Обвинителката Јанева во својот говор ги истакна работите кој во моментов ги врши установата која таа ја води, пречките или предизвиците со кои се соочуваат и одлуките кои се донесуваат со цел овозможување на владеењето на правото.

Предавањето имаше интерактивен карактер, каде што многу студенти поставуваа прашања за темата, политичката актуелност, а особено за влијанието на Законот за амнестија врз работата на Специјалното обвинителство.

Google+