COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу во посета на УЈИЕ

Во понеделникот (12. ноември 2018 година) министерот за локална самоуправа во Владата на Република Македонија, г. Сухејл Фазлиу, го посети Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово. Тој оствари средба со Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, со кого разговараа за начините на соработка помеѓу двете институции.

Министерот Сухејл Фазлиу во оваа прилика го информираше ректорот Беџети за активностите и проектите за прекугранична соработка финансирани од ИПА фондовите на Европската унија, особено со прекуграничната соработка со Албанија и Косово, каде што Универзитетот може да аплицира за овие средства од Полошкиот регион.

„Можностите се бројни, па комуникацијата и зајакнувањето на врските со Универзитетот ќе бидат во корист на институцијата, студентите и граѓаните во целиот регион“, рече министерот Фазлиу.

Ректорот на УЈИЕ, Абдулменаф Беџети, ги поздрави ваквите иницијативи кои доаѓаат од национално ниво и истакна дека Универзитетот е подготвен и треба да биде вклучен во тие проекти, особено во иницијативите кои ќе влијаат на општинско ниво. Тој ја истакна потребата за зголемување на потенцијалот на институционалниот капацитет со посебен акцент на конкретните обуки и специфичните области од видот „in house“ за локалната самоуправа.

„Затоа, соработката би била покорисна доколку академското знаење се применува во пракса“ нагласи меѓу другото, ректорот Абдулменаф Беџети.

Ректорот Беџети му ја предложи на министерот за можноста за изготвување и спроведување на проект за прекугранична соработка на Република Македонија со Република Косово и Република Албанија во рамките на Еколошкиот и планинскиот туризам, каде што Универзитетот има конкретни истражувања од докторски кандидати и кадарот на Факултетот за бизнис и економија.

Делегацијата на Министерството за локална самоуправа го посети и Технолошкиот парк на Универзитетот каде што директно беше информирана од раководството на Технолошкиот парк за кратката историја, за тековните активности, за целта и за визијата.

Google+