Овој тим дизајнираше евтин сателит кој ќе им помогне на луѓето ширум светот да научат за природните убавини и опасностите на планетата Земја и за нашата најблиска планета - Марс.
Второто место го освои тимот BondHidrogenBond кој дизајнираше летечко автономно возило, базирано на современа научна технологија, дизајнирано за да изврши увид на вселенското летало од можни штети од микрометеорити и орбитални остатоци.
Третото место го освои екипата Teleois која дизајнираше игра слична на интернет-пребарувачите, а која ги информира другите за поларните средини и како тие се разликуваат, врз основа на податоците на НАСА, помагајќи им на авантуристите во нивното истражување и предупредувајќи ги за предизвиците при патувањето во овие средини.
Првите две места ќе се натпреваруваат глобално за 30. најдобри проекти во светот, кои ќе бидат избрани од НАСА. Победниците заедно со локалните организатори ќе го посетат вселенскиот центар Кенеди во Флорида.
На овој меѓународен настан во Технолошкиот парк во УЈИЕ учествуваа 55 натпреварувачи од различни области, организирани во тимови, составени од студенти, средношколци, програмери, инженери, дизајнери и од истражувачи кои во текот на натпреварот соработуваа и користеа информации достапни од НАСА за да дизајнираат иновативни решенија за глобалните предизвици.,
