Првата активност во рамките на оваа иницијатива се одржа во четвртокот (25 октомври 2018 година) во Гостивар, каде што учениците добија поддршка и од општинските власти.
„Во рамките на нашава иницијатива планираме преку информативни точки во Гостивар, Тетово и во Скопје да информираме и да ја подигнеме свеста за опасностите и за борбата против ракот на дојка. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за прегледи на населението и да не се избегнува мамографијата“, рече Рита Беадини, член на Феминистичкиот клуб и координаторот на Иницијативата.
Студентите од УЈИЕ, во информативни точки, ги поттикнуваа луѓето да се фотографираат во посветени рамки со порака за подигање на свеста за ракот на дојката, а за да бидат информирани колку што е можно повеќе луѓе, овие фотографии се дистрибуираат на социјалните мрежи.
Феминистичкиот клуб на Универзитетот на Југоисточна Европа функционира во рамките на Студентскиот парламент и асоцијација.
