Целта на оваа видео-конференција беше да се продлабочи соработката со Универзитетот во Индијана, кој е еден од најреномираните универзитети во САД и во светот. Соработката меѓу УЈИЕ и Универзитетот во Индијана започна од основањето на УЈИЕ во 2001 година, каде што улогата на Универзитетот во Индијана беше клучна во раната фаза на градењето на капацитетите и дизајнирањето на студиските програми.
Во овој период на соработка, околу 50 академски и административни членови на УЈИЕ го посетија Универзитетот во Индијана и учествуваа во програми за обука, на магистерски и на докторски студии. Истовремено, во текот на овој период УЈИЕ го посетија над 15 професори и администратори од Универзитетот во Индијана.