Според координаторот на конференцијата, Албана Метај –Стојанова, асистент –докторанд, на конференцијата беа претставени студентите од двата циклуси на студии и нивните презентации беа поделени на три сесии во зависност од областа: кривично право, граѓанско право, уставно и меѓународно право.
Трудовите кои беа претставени на конференцијата, по процесот на двојно оценување од професорите од Правниот факултет ќе бидат издадени во Зборникот од конференцијата.
На оваа конференција присуствуваа студенти од Македонија, од Албанија и од Косово кои ги разменија и ги споредија своите научни искуства во правната област.
