Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими и министерот за здравство на Република Северна Македонија, проф. д-р Азир Алиу, денес потпишаа Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот и Министерството за здравство.
За време на церемонијата на потпишување, ректорот Ибраими ја нагласи важноста од продлабочување на соработката помеѓу академските и државните институции, особено во областа на образованието и научните истражувања во здравството. Од своја страна, министерот Алиу ја пофали улогата на Универзитетот на Југоисточна Европа во развојот на високото образование и во подготовката на стручен кадар за здравствениот систем.
Во рамките на посетата на Универзитетот, министерот Алиу го посети и Факултетот за здравствени науки, каде што беше примен од деканката проф. д-р Данијела Војтикив-Самоиловска и академскиот кадар на факултетот. За време на оваа посета беа презентирани наставните и техничките капацитети на факултетот, како и просториите и опремата што се користат во наставниот и во практичниот процес.
На оваа активност присуствуваа и членови на Универзитетското раководство, академскиот кадар на Факултетот за здравствени науки, како и претставници од Министерството за здравство.
