Дебатата се одржа во просториите на Универзитетот во Тетово, со учество на претставници од високообразовните институции во земјава.
Предлозите на УЈИЕ за дополнување и изменување на Предлог-законот за високо образование и на Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование, кои претходно беа разгледани и усвоени во органите на Универзитетот, ги презентираше проректорот за планирање, истражување и претприемништво, проф. д-р Веланд Рамадани.
