Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Ибраими оствари средба со амбасадорката на НР Кина

Ректорот на Универзитет на Југоисточна Европа, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари работна средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Џијанг Сјаојан.

На средбата присуствуваше и советничката за односи со заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи.

За време на разговорите беа разгледани можностите за продлабочување на академската и институционалната соработка, со посебен фокус на размена на студенти и академски кадар, заеднички истражувачки проекти и културни иницијативи.

УЈИЕ останува посветен на градење меѓународни партнерства и зајакнување на меѓусебната соработка во функција на развојот на високото образование.

Google+