Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ учествуваше на јавната дебата за Предлог - законот за високото образование

Во просториите на Академија на науките и уметностите на Северна Македонија вчера се одржа јавна дебата во врска со Предлог-законот за високото образование, со учество на претставници на високообразовните институции, академици и експерти од областа.

Претставници од Универзитетот на Југоисточна Европа беа ректорот, проф. д-р Садудин Ибраими, проректорот за планирање, истражување и претприемништво, проф. д-р Веланд Рамадани, советничката за заедницата и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи, како и советничката за академско планирање и дигитализација проф.д-р Флорије Исмаили, како и деканите на факултетите,

Во текот на дебатата беа разгледани клучни прашања поврзани со универзитетската автономија, обезбедувањето квалитет, финансирањето, научно-истражувачката дејност и процесите на дигитализација во високото образование. Претставниците на УЈИЕ ја истакнаа важноста од современа законска рамка во која се загрантирани европски стандарди, меѓународна конкурентност и одржлив развој на универзитетскиот сектор.

Дебатата беше модерирана од акад. Абдулменаф Беџети, во својство на претседател на Советот за организирање на јавната дебата при МАНУ.

Активното учество на УЈИЕ на оваа и на други јавни дебати го потврдува ангажманот на Универзитетот во реформските процеси и унапредувањето на јавните политики во областа на високото образование во земјава

Google+