На овој настан присуствуваа над 80 компании кои на своите штандови ги изложија своите активности и нивните претставници ги собираа и ги разгледуваа биографиите на студентите за можна ангажираност со нив. Центарот за кариера на УЈИЕ го организира Саемот за кариера.
Саемот го отвори Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, кој им препорача на компаниите и на студентите да комуницираат колку што е можно повеќе и да постигнат колку што е можно повеќе договори за ангажирања.
„Целта на организацијата на овој саем е да се покаже дека Универзитетот е многу заинтересиран да ги слушне гласот и барањата на компаниите. Ние сме многу задоволни што нашиот академски производ е многу важен за компаниите и ова е потврдено со огромното учество на компаниите на овој саем. Податоците од Центарот за кариера покажуваат дека во смисла на невработеност од 22% на државно ниво, повеќе од 60 % од нашите нови дипломирани студенти се вработени“ , рече во својот говор ректорот Беџети. Тој го истакна фактот дека Сенатот на Универзитетот ја одобри новата академска понуда, каде што за следната академска година ќе има нови студиски програми како што се Финансии и банкарство, Правна информатика, Претприемништво и дека сите ќе бидат четиригодишни студиски програми.
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), г. Неби Хоџа, во своето обраќање рече дека овој Саем сведочи дека соработката меѓу УЈИЕ и ЕКСЗМ е на највисоко ниво и дека нашата надеж се студентите. Тој ги повика компаниите тука да го откријат својот иден кадар.
На Саемот присуствуваа познати компании од земјава и генерално од приватниот сектор, но присутен беше и јавниот сектор каде што учествуваа многу образовни институции и невладини организации.
