Во однос на меѓународниот развоен контекст на УЈИЕ, ректорот Беџети ја претстави потребата за поддршка со ресурси, искуства и меѓународни проекти, а неговата екселенција амбасадорот Пламп понуди конкретни можности за поддршка на академскиот кадар од холандските универзитети, конкретизирајќи ја можноста за соработка со Универзитетот Лејден, како и поддршката што NUFFIC ( Netherlands Universities Foundation for International Cooperation) може да ја даде како поддржувач на високото образование надвор од Кралството Холандија.
Ректорот Беџети му се заблагодари на амбасадорот Пламп за овие нови можности како продолжение на поддршката уште од основањето на Универзитетот, кој се уште е познат како Штулов универзитет. Холандија е и останува меѓу посебните поддржувачи на Универзитетот на Југоисточна Европа.
