Во рамките на оваа активност министерот Фазлиу на студентите на Правниот факултет на УЈИЕ предложи и понуди можност да спроведе практикантска работа за одреден временски период во Министерството за локална самоуправа на РСМ.
Целта на оваа настава и практична посета се состои во тоа што студентите на Правниот факултет на УЈИЕ, покрај теоретско-правните сознанија од областа на организацијата и функционирањето на општините, како единици на локалната самоуправа беа поблиску запознаени со практичните професионални аспекти на проблемите од областа на локалната самоуправа.
