Делегацијата се состоеше од деканот на Факултетот за современи науки и технологии, вон. проф. д-р Адриан Бесими; проект менаџерот во Технолошкиот парк- м-р Висар Демири; вон. проф. д-р Бујар Рауфи и вон. проф. д-р Висар Шеху.
Со состанокот за академската размена претседаваше деканот Жан Гуџин. Ванг Хепинг, директор на Одделот за меѓународна соработка на Провинцискиот оддел за наука и технологија ја поддржа соработката и ја истакна важноста на ваквите активности во рамките на соработката 16 + 1" меѓу Кина и Северна Македонија. Директорот Ванг Хенинг рече дека Одделот за наука и технологија во провинцијата Гансу ќе продолжи силно да ја поддржува меѓународната соработка во научна и технолошка размена помеѓу Универзитетот Ланжоу Џиотонг и Северна Македонија, да ја поддржи заедничката изградба на заеднички лаборатории, центри за трансфер на технологија и други платформи за соработка и да промовира достигнувањата на научниот и технолошкиот развој и иновативната соработка.

На состанокот за академска размена, делегацијата имаше серија презентации на учесниците, професорите и студентите според нивните области на истражување и дискутираше за потенцијалните можности за соработка со кинеските колеги во разни области, како што се технологијата за транспорт, претприемачките иновации, е - трговијата и меѓународното образование. Во рамките на состанокот беа планирани и понатамошни активности за подобрување на размената на студенти и вработени.
