Посетата беше организирана од Центарот за студии на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац.
Делегацијата беше пречекана од проректорката за истражување и меѓународна соработка, проф. д-р Беса Арифи, која ги информираше за историјата и развојот на УЈИЕ и за улогата на оваа институција во развојот на високото образование во Северна Македонија. Таа ги информираше гостите за значењето на Охридскиот рамковен договор во развојот на мултиетничката држава.
Универзитетски професори и претставници од невладини организации од Грац – Австрија во посета на УЈИЕ
Во четвртокот (2. Мај 2019 год.) делегацијата составена од неколку универзитетски професори и претставници од невладини организации од Грац, Австрија, кои тековно се на студиска посета за политичкото образование во Република Северна Македонија го посетија Кампусот на УЈИЕ во Тетово. Посетата беше организирана од Центарот за студии на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац.